Од 1 март сите повици ќе бидат национални и поевтини

Bez autora
Feb 20 2014

Од следниот месец сите повици во земјава ќе станат национални и ќе добијат нова, пониска цена. Така, наместо досегашните три, тие ќе чинат еден денар. Ова го најави денеска директорот на Агенцијата за електронски комуникации, АЕК, Роберт Ордановски. Тој нагласи дека нема повеќе локални и национални повици, односно сите ќе бидат национални и без разлика од каде и да се врти, цената ќе биде иста. Ордановски уште еднаш упати апел до сите оператори во земјава да се однесуваат поодговорно и да ги почитуваат законите, а фокусот да се стави на корисниците. Тој нагласи дека се забележани две поголеми девијации од страна на операторите кои се однесуваат на наградните игри кои ги организираат и продажбата на активни при-пејд картички.

Од 1 март сите повици ќе бидат национални и поевтиниОд следниот месец сите повици во земјава ќе станат национални и ќе добијат нова, пониска цена. Така, наместо досегашните три, тие ќе чинат еден денар.

Ова го најави денеска директорот на Агенцијата за електронски комуникации, АЕК, Роберт Ордановски. Тој нагласи дека нема повеќе локални и национални повици, односно сите ќе бидат национални и без разлика од каде и да се врти, цената ќе биде иста.

Ордановски уште еднаш упати апел до сите оператори во земјава да се однесуваат поодговорно и да ги почитуваат законите, а фокусот да се стави на корисниците.

Тој нагласи дека се забележани две поголеми девијации од страна на операторите кои се однесуваат на наградните игри кои ги организираат и продажбата на активни при-пејд картички.

Досега, според АЕК, примени се 2.024 приговори и поплаки од граѓани, од кои околу 970 се однесуваат за мобилната телефонија. Дури 70 отсто од нив се однесуваат на превисоки сметки, односно граѓаните се жалат од начинот на тарифирање на мобилните оператори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik